Дебели Гикови С02Е13 - Дамјан Ѓоргиевски - Од студии на ФЛУ до огромни успеси во област на уметноста
Иии официјално дојдовме до самиот крај на оваа прекрасна и интересна година, најдобрата година за Дебелите Гикови и нивната кареира. Да се заврши годината како што треба, Дебели Гикови на гости го имаа познатиот артист - Дамјан Ѓоргиевски. Со Дамјан, Гиковите разговараа на многу теми, уште од неговиот почеток на кариерата па се до денес. Главниот фокус беше поделен во тоа колку образованието за ликовната уметност во Македонија е на ниско ниво, и колку уметниците не се задоволни од сево ова! Многу длабоко влеговме во дискусии на колку проекти има работено Дамјан во текот на годините и се што има направено. Неговите стилови, начин на работа, и многу повеќе. За Фановите на „Вештачката Интелигенција“ се збореше и за многу есклузивни теми кои што многу често луѓе одбиваат да ги коментираат јавно, од причина што се потпишуваат големи договори каде што артистите се обврзани да не смеат да зборат за тоа… Уживајте во Дебели Гикови Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!