G
enby!

Дебели Гикови С02Е14 - Рекапитулација на 2024, Планови за 2025 и Очекувања за 2025

Дебелите Гикови се разбудија од своите зимски сонови и официјално се вратија во прекрасното студио на Радио МОФ каде што ја снимија првата епизода за оваа интересна 2025 година што следи. За жал, или за среќа, оваа епизода Дебелите Гикови се „Соло-Дуо“, гостин немаат од причина што моментално во Скопје и сезона на грипови и настинки, и сите се чуваат во своите домови и не сакаат да се разболат. Дебели Гикови во оваа епизода направија една рекапитулација на 2024 година од аспектот на попкултурата. Се збореше за филмови, серии, игри…Маубетот после премина кон очекувања за годината што иде, и уште многу интересни работи. Иии официјално… Од оваа епизода започнува првата соработка во Дебели Гикови подкаст. Ѕверовите од „Гоблин Гејмс“ го препознаа тоа што го прават Дебели Гикови, и по тој повод… Од следната епизода очекувајте нова рубрика каде што ќе се даваат награди буквално секоја епизода!!! Уживајте во Дебели Гикови Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!

Смотрите также