G
enby!

Дамјан Михаилов - „Луси Некроманката е стрип за сите генерации“ - Дебели Гикови С02Е18

Дамјан Михаилов - „Луси Некроманката е стрип за сите генерации“ - Дебели Гикови С02Е18 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 После долго време планирање и договарање во Дебели Гикови Подкаст повторно имаме еден доста познат и реновимиран Македонски стрип цртач, но воедно и човек со големо знаење и многу професии. Дамјан е познат по многу прокети како што се тогашната популарна политичко-хумористилчна анимирана серија „Еднооки“, еден од првите македонски анимирани филмови “Хансел и Гретел“, долги години во македонската гејминг индустрија, ко-основач на „Макстрипови“ а воедно и ко-основач на студиото “Furious Avocado“. Но, Дамјан последниве неколку месеци е доста популарен по еден стрип кој што пред неколку години е започнат како Webtoon, но сега е популарен кај сите генерации - „Луси Некроманката“. Едно доста интересно и хумористично стрипче за една девојка и нејзините пријатели зомбиња. Стрип во кој што хуморот и забавата се на највисоко ниво. Со Дамјан Дебели Гикови направија еден тон разговори од буквално сите свери на сите индустрии, така да ова е епизода во која што едноставно се ужива и се дознаваат многу работи! Уживајте во Дебели Гикови Подкаст Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови Дебели Гикови Подкаст Powered by: „Гоблин Друштвени Игри“ & „Радио МОФ“

Смотрите также