Дебели Гикови С02Е16 - ДРАШ - Човекот кој го отслика градот
Дебелите Гикови се мега гига фанови на уметност и секоја култура што е достапна во Скопје па и низ целата земја, а реално и целиот свет. И по тој повод на гости го имаа човекот кој што цел град знае за него, човекот кој го има отсликано градот и човекот кој што има направено илјадници тетоважи на многумина низ градот. Еден и Единствен, Драган Китановски „Драш“ Со Драш Дебелите Гикови фатија ептен добри теми за разговор најмногу поврзани за уметност, спесифично уличната уметност, графитите, тетовирањето, добри жанрови на музика и многу повеќе. Уживајте во Дебели Гикови Подкаст Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!