МАМАВИЗИЈА ЕП09 | Кикириткова: Бев лута кога дознав дека сум бремена вториот пат
🗣🌸 Во емисијата „Мамавизија“ ќе се обидеме да ви донесеме посебни приказни за мајките, невообичаени семејства, мајки на близнаци, тројки, четворки, мајки на посвоени дечиња, мајки на деца со посебни потреби, ќе се потрудиме да ги донесеме мајките на познатите личности, ќе најдеме начин да ги инспирираме познатите да зборуваат за нивната мајка, ќе раскажуваме и за мајките коишто повеќе не се меѓу нас, за мајките што не смееме да дозволиме да бидат заборавени. 🤰 Во новата, деветта епизода на „Мамавизија“, нашата хероина е мајката Маја Кикириткова. Познатата модна дизајнерка отворено раскажува за нејзиниот стресен период и за време на првата и за време на втората бременост. Ѝ се случувал истиот проблем, обилно крвавење поради одлепување на плацентата, па затоа и синчето Лазар и ќеркичката Ева морала да ги роди предвреме. ... 👩🍼 Низ оваа емисија ќе ве води нашата колешка, водителка и авторка на емисијата, Александра Вуксановиќ. Таа својата емисија ја најави вака: Заедно ќе се радуваме, ќе се смееме, ќе плачеме и ќе се воодушевуваме на нејзиното височество – мајката! Секоја мајка е хероина за своето дете. 👁 Гледајте „Мамавизија“, премиерно секоја среда во 20 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“. _____ 👁️ Следи ги сите најнови вести од #🇲🇰 и #🌎 на нашиот и ваш портал 🔗 www.slobodenpecat.mk 🌐 👇 Заследи нѐ и на: 👉 Фејсбук / slobodenpecat 👉 Инстаграм: / slobodenpecat 👉 Тикток: / slobodenpecat.mk 👉 Икс: / sloboden_pecat