МАМАВИЗИЈА ЕП07 | Камилоска: Јас и Павле сме од многудетни семејства и ние сакаме трето дете
🗣🌸 Во емисијата „Мамавизија“ ќе се обидеме да ви донесеме посебни приказни за мајките, невообичаени семејства, мајки на близнаци, тројки, четворки, мајки на посвоени дечиња, мајки на деца со посебни потреби, ќе се потрудиме да ги донесеме мајките на познатите личности, ќе најдеме начин да ги инспирираме познатите да зборуваат за нивната мајка, ќе раскажуваме и за мајките коишто повеќе не се меѓу нас, за мајките што не смееме да дозволиме да бидат заборавени. ⛰️ Во седмата епизода на „Мамавизија“ ја имаме мајката Ирина Камилоска, мајка на малиот Јосиф и бебето Лена, сопруга на пејачот Павле Камилоски. Остана забележана во јавноста по тоа што планинареше и во деветтиот месец од бременоста, а на Водно се качи и со мало бебе во кенгур. ... 👦 Оваа хероина, дополнително, инспирираше многу мајки да се охрабрат да излезат од дома со своите деца, мотивираше повеќе од 70 мајки да излезат во природа заедно со децата, каде што меѓусебно ќе си даваат поддршка и ќе споделуваат совети и успеа да го разбие стравот кај нив да се качат на планина со бебе. Алпинистката ја стави експедицијата на мирување извесен период и ја замени со најважната улога во животот – мајка. 👩🍼 Низ оваа емисија ќе ве води нашата колешка, водителка и авторка на емисијата, Александра Вуксановиќ. Таа својата емисија ја најави вака: Заедно ќе се радуваме, ќе се смееме, ќе плачеме и ќе се воодушевуваме на нејзиното височество – мајката! Секоја мајка е хероина за своето дете. 👁 Гледајте „Мамавизија“, премиерно секоја среда во 20 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“. _____ 👁️ Следи ги сите најнови вести од #🇲🇰 и #🌎 на нашиот и ваш портал 🔗 www.slobodenpecat.mk 🌐 👇 Заследи нѐ и на: 👉 Фејсбук / slobodenpecat 👉 Инстаграм: / slobodenpecat 👉 Тикток: / slobodenpecat.mk 👉 Икс: / sloboden_pecat
Смотрите также
