МАМАВИЗИЈА ЕП04| Николовска: Ми рекоа, „тешко ќе станеш мајка по природен пат“, Мартин е чудо!
🗣🌸 Во емисијата „Мамавизија“ ќе се обидеме да ви донесеме посебни приказни за мајките, невообичаени семејства, мајки на близнаци, тројки, четворки, мајки на посвоени дечиња, мајки на деца со посебни потреби, ќе се потрудиме да ги донесеме мајките на познатите личности, ќе најдеме начин да ги инспирираме познатите да зборуваат за нивната мајка, ќе раскажуваме и за мајките коишто повеќе не се меѓу нас, за мајките што не смееме да дозволиме да бидат заборавени. 📻🎤🤰 Во четвратата епизода на емисијата „Мамавизија“ на „Слободен печат“ нашата хероина е мајката Зорица Николовска, позната од радиоемисијата „Тик Так и Зорка“, авторка на „Дневникот на трудници“ и поткастот „Труднички муабети“. Николовска го запознала својот сопруг како разведен, татко на мало дете. Не ѝ пречела таквата релација, па љубовната врска по кратко време прераснала во брак. 👪 По извесно време, Иван посакал братче, па и покрај тоа што за Николовска и нејзиниот сопруг тоа било невозможна мисија, му ја исполнила желбата. Таа денеска е биолошка мајка на Мартин и Јана. За тоа дека маќеата не е секогаш лоша, како што е прикажана во многу приказни, ни покажува оваа вистинска животна приказна на семејството Николовски. ... 👩🍼 Низ оваа емисија ќе ве води нашата колешка, водителка и авторка на емисијата, Александра Вуксановиќ. Таа својата емисија ја најави вака: Заедно ќе се радуваме, ќе се смееме, ќе плачеме и ќе се воодушевуваме на нејзиното височество – мајката! Секоја мајка е хероина за своето дете. 👁 Гледајте „Мамавизија“, премиерно секоја среда во 20 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“. _____ 👁️ Следи ги сите најнови вести од #🇲🇰 и #🌎 на нашиот и ваш портал 🔗 www.slobodenpecat.mk 🌐 👇 Заследи нѐ и на: 👉 Фејсбук / slobodenpecat 👉 Инстаграм: / slobodenpecat 👉 Тикток: / slobodenpecat.mk 👉 Икс: / sloboden_pecat
Смотрите также
