Јавен превоз за иднината - Мециновиќ го претставува визионерскиот проект за Скопје
Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Скопје, ги презентираше плановите за јавниот превоз во Скопје, проект што нуди решение за идните 100 години. Визионерскиот проект, кој е многу подобар и пофункционален од досега понудените решенија, ќе го замени сегашниот систем кој е нефункционален, автобусите се дотраени, а линиите анахрони. Прв чекор е набавка на нови, безбедни автобуси. Потоа следува адаптација на линиите со воведување циркуларни маршрути кои ќе го поврзат градот подобро. Левица предлага и користење на постоечката железничка линија север–југ и изградба на нова линија исток–запад, со што би се создала трајна и ефикасна инфраструктура. Мециновиќ предупредува дека проектот БРТ е само привремен и не нуди долгорочно решение. Целта е Скопје да добие јавен транспорт кој ќе биде безбеден, брз и достапен за сите граѓани, наместо постојано да се трошат милиони на амортизирани автобуси. #СкопјеСега 💜 #НародотСега #Заокружи6