(07)ПРЕСИНГ: Ѓорѓе Војновиќ и Александар Тодоров - кошарката некогаш и сега, за спортот и бизнисот!
🎥 СЕДМА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА - „ПРЕСИНГ“ со македонските спортски легенди 📍 💬 Специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“, проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно! 📍 💬 Во седмата епизода на ПРЕСИНГ како гостин сигурно едно од најголемите имиња на македонската кошарка Ѓорѓе Војновиќ, поранешен македонски репрезентативец, сега едно од најпрепознатливите имиња во бизнис секторот на Македонија прогласен минатата година за менаџер на годината во Македонија како Главен Извршен директор на Триглав Осигурување, но и кошаркарски функционер – еден од творците на генерацијата која во 2011 година го постигна најголемиот историски успех на македонската кошарка на Европското првенство во Литванија. Заедно со поранешниот македонски селектор и долгогодишен истакнат спортски работник, трофеен тренер Александар Тодоров - творците на првата титула на МЗТ Скопје во неговата историја. ============================================= 👉 Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди! ============================================= РАЗГОВОРИ ЗА... 01:32 – Вовед – За првата средба меѓу Александар Тодоров и Ѓорѓе Војновиќ уште во 1996 година! 05:05 – Првата титула на МЗТ Скопје во историјата... Тодоров како тренер и Војновиќ како спортски директор, по 20 години независност во 1992 година, ја носат првата шампионска круна во Аеродром! 14:44 – Конечната организациска поставеност на МЗТ, онака како што треба, но и притисокот, внатрешен, амбициите на двајцата но и желбата на навививачите за да се создаде атмосфера за титула! 20:35 – Како го убедија Тоше Гечевски во 2011 година да потпише за МЗТ Скопје? 34:00 – Огромната еуфорија по освоената титула во Аеродром, спектакуларната прослава кај Бисер, и каде исчезна сега сета таа страст за кошарката во Македонија!? 45:30 – Ѓорѓе Војновиќ како еден од најдобрите македонски кошаркари дел од првата репрезентација на Македонија во независноста... Како се создаваше македонската кошаркарска репрезентација, за почетоците на националниот тим! 55:20 – За првиот настап на Македонија на Европско првенство во 1999 година, Тодоров дел од стручниот штаб со Заре Марковски и повредата на Петар Наумовски 01:04:20 – За тоа колку е променета кошарката последните 20 години. За култот кон репрезентацијата, и одбивањето да се игра во националниот дрес! 01:11:20 – Ѓорѓе Војновиќ – изборот за генерален секретар на Кошаркарската федерација на Македонија, комплетна реставрација и периодот на најголемите успеси на македонската кошарка 01:21:00 – Најголемиот успех на македонската кошарка – 4. место на Европското првенство 2011 во Литванија 01:30:00 – Каде погрешивме, па кошарката во Македонија да дојде до дното за кое никој не веруваше дека може да се допре? 01:40:00 – Зошто и дали државата е воопшто должна да инвестира и помага клубови кои играат во домашно првенство!? 01:42:50 - За ваучер-системот и вклучување на бизнис-секторот во македонскиот спорт! 01:44:30 – Како да се привлечат домашните компании за влез во македонскиот спорт. Триглав Осигурување како прв спонзор на машкиот и женскиот клуб на РК Вардар во периодот на неговите најголеми успеси! 01:47:30 – Што треба да направи раководството на Македонската кошаркарска федерација за да ја вратиме кошарката на нејзините славни денови? 01:56:10 – Ѓорѓе Војновиќ: „Во спортот, па и во животот, не е важно само тоа што ќе го освоиш, туку и каква трага ќе оставиш позади себе!“ ================================================================= Заследи нѐ и на: Web 👉 ekipa.mk Facebook 👉 facebook.com/ekipa.mkd Facebook 👉 facebook.com/redakcijaekipa.mk Instagram 👉 instagram.com/ekipa.mk