G
enby!

Вардар за мене не беше опција | Филип Миркуловски

Оваа епизода е посветена на човекот кој со својата игра, борбеност и пожртвуваност остави неизбришлива трага во македонскиот ракомет. Со 12 и пол години во дресот на Металург, цела деценија во германскиот Вецлар, и со голем број настапи за македонската ракометна репрезентација, Миркуловски останува симбол на верност, дисциплина и борбен дух. Во овој подкаст Филип споделува со нас многу детали за неговата кариера, предизвиците и успесите, но и за тоа што значи да бидеш еден од најборбените ракометари кои некогаш заиграле на македонски терен. Филип ќе остане засекогаш запаметен како вистински лидер на теренот – човек кој умееше да ја подигне целата екипа кога беше најтешко, да покаже пример со непопустлива игра и да ја носи Македонија на своите плеќи во најголемите натпревари. Неговата приказна е доказ дека љубовта кон спортот и лојалноста кон клубот и репрезентацијата се вредности што остануваат засекогаш. --------------------------------- Доколку сакате да го поддржите каналот, зачленете се на линкот:    / @wildtalespodcast   За соработка можете да не исконтактирате на емаил: wildtalespodcast@gmail.com #FilipMirkulovski #rakomet #makedonija #Metalurg #Wetzlar #Handball #WildTalesPodcast

Смотрите также