Кој (и како) ги внесе бакљите во " Јане Сандански" ???
Ракометното дерби меѓу Вардар и Пелистер остана во сенката на инцидентот на трибините. Гостинските навивачи "чкембари" успеаа да внесат бакљи во салата и покрај големото присуство на полицијата и деталните претреси при влезот. Кој (и како) успеа да ги прошверцува бакљите!? Кој ќе биде одговорен за пропустот!? Какви се правилата и пропозициите за ваков инцидент!?