МАМАВИЗИЈА | Јаневска: Погребот на мајка ми го гледав онлајн од Австралија, болка што не се опишува
🗣🌸 Во емисијата „Мамавизија“ ќе се обидеме да ви донесеме посебни приказни за мајките, невообичаени семејства, мајки на близнаци, тројки, четворки, мајки на посвоени дечиња, мајки на деца со посебни потреби, ќе се потрудиме да ги донесеме мајките на познатите личности, ќе најдеме начин да ги инспирираме познатите да зборуваат за нивната мајка, ќе раскажуваме и за мајките коишто повеќе не се меѓу нас, за мајките што не смееме да дозволиме да бидат заборавени. 🎗️ Во новата епизода на „Мамавизија“ ви ја носиме тажната приказна за мајката Рада Јаневска, мајка на Светлана Јаневска. Хероината Рада ја загубила битката со ракот, оваа загуба била силен удар за нејзината ќерка која живее во Австралија. Таа раскажува за нејзината голема болка кога прекуокеански ја дознала лошата вест и како со милји оддалечена „присуствувала“ онлајн на погребот на нејзината мајка. ... 🕊️ Прераниот лет на гулабицата-мајка на оној свет, нејзината ќерка, поранешна новинарка во Македонија, ги преточила во книга насловена „Летот на мојата гулабица“. Со оваа книга таа водно сака да ја актуелизра темата за ракот на грлото на матката и истовремено да поттикне на редовни контроли. 👩🍼 Низ оваа емисија ќе ве води нашата колешка, водителка и авторка на емисијата, Александра Вуксановиќ. Таа својата емисија ја најави вака: Заедно ќе се радуваме, ќе се смееме, ќе плачеме и ќе се воодушевуваме на нејзиното височество – мајката! Секоја мајка е хероина за своето дете. 👁 Гледајте „Мамавизија“, премиерно секоја среда во 20 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“. _____ 👁️ Следи ги сите најнови вести од #🇲🇰 и #🌎 на нашиот и ваш портал 🔗 www.slobodenpecat.mk 🌐 👇 Заследи нѐ и на: 👉 Фејсбук / slobodenpecat 👉 Инстаграм: / slobodenpecat 👉 Тикток: / slobodenpecat.mk 👉 Икс: / sloboden_pecat