G
enby!

Сакам да сум во служба на другите | Слаѓана Вујошевиќ

Слаѓана Вујошевик е актерка која гради светови, руши граници и верува дека секој лик носи дел од вистината за човекот. Моментално настапува како дел од ансамблот на Турскиот театар во Скопје, каде нејзините улоги се преплетуваат меѓу реалноста и фантазијата, создавајќи сцени кои тешко се забораваат. Во исто време, таа е гласот на Биби, ултра популарната јунакиња од анимираната серија „Светот на Биби“, која со години ги радува најмалите и ги учи на љубов, храброст и пријателство, но нејзината посветеност кон уметноста не застанува тука, продолжува со предавање и пренесување на актерската техника. Како основач на VetraArt, успеа да го донесе Холивуд во Скопје, организирајќи заедно со актерот и професорот Hugh O’Gorman дво-дневна актерска работилница, посветена на техниката на Михаил Чехов – актерската техника која ја истражува врската меѓу имагинацијата, телото и внатрешниот свет на актерот. Во оваа епизода зборуваме за патот од умот до улогата, за развивањето на природната фантазија, за моментите кога актерот станува мост меѓу реалноста и сонот. ------------------------------------------- Доколку сакате да го поддржите каналот, зачленете се на линкот:    / @wildtalespodcast   За соработка можете да не исконтактирате на емаил: wildtalespodcast@gmail.com #wildtales #michaelchehov #teatar #film #vetraart

Смотрите также