G
enby!

Наставникот избран во топ 50 најдобри во цел свет | Иле Михајловски

Иле Михајловски е одделенски наставник во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Свети Николе, каде што има над 30 години искуство како одделенски наставник. Впрочем, тој го слави својот 30 годишен јубилеј на денот на објавувањето на оваа епизода, што ни претставува посебно задоволство. Оваа година тој беше избран меѓу 50-те финалисти во конкуренција од над 5.000 номинирани наставници од 89 земји за престижната Глобална награда за наставници (Global Teacher Prize), која се доделува од фондацијата Varkey во соработка со УНЕСКО и GEMS Education. Неговото именување во оваа група е „огромно признание и легитимитет“ за неговата тридецениска посветеност, иновативен пристап и резултатите што ги постигнува во работењето. Михајловски е уште познат и по интензивната хуманитарна работа — собирање и делење на новогодишни пакетчиња за деца од ранливи категории, вклучувајќи деца од социјален ризик, без родителска грижа и деца со попреченост, нивно снабдување со училишен прибор за успешен старт на учебната година, нешто на коешто и самите можевме да посведочиме на денот на снимањето на подкастот. ----------------------------------------- Доколку сакате да го поддржите каналот, зачленете се на линкот:    / @wildtalespodcast   За соработка можете да не исконтактирате на емаил: wildtalespodcast@gmail.com ----------------------------------------- #globalteacherprize #varkeyfondation #wildtales #ilemihajlovski

Смотрите также