Зошто Бог не го отстрани злото веднаш? - Филип Иванов
Краток осврт на прашањето кое најчесто се појавува во дебатите за Божјото (не)постоење. Целта е да се покаже дека тоа прашање е далеку покомплексно одошто мислиме кога го поставуваме, и затоа можното решение би било исто така комплексно. Заклучокот е дека Бог не сака да го отстрани злото по пат на елиминација туку по пат на трансформација. Видеото завршува со неколку практични совети за тоа што можеме ние да направиме по тоа прашање. Филип Иванов е дипломиран теолог и служи во Евангелска Црква во Велес.