Исус ја проколнува Смоквата - Филип Иванов
Кратко објаснување на случката од Евангелието според Марко 11:12-26 кога Господ Исус ја проколнува неплодната смоква. Ова е една од најважните духовни лекции во нашиот од со Бога. Еве го текстот од Евангелието: „12. А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне; 13. и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уште не беше времето за смокви. 14. И кога одговори Исус, ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!” И го чуја тоа учениците Негови. 15. И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврти масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби; 16. и не позволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад. 17. И ги поучуваше, велејќи: „Не е ли напишано: »Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече«; +а вие го направивте како разбојничко гнездо.” 18. И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, зашто се боеја од Него, оти сиот народ се восхитуваше на Неговото учење. 19. А кога се стемни, Он излезе надвор од градот. 20. Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен. 21. И кога се сети, Петар Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила.” 22. А Исус им одговори и рече: 23. Имајте вера во Бога. Оти, вистина, ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: »Дигни се и фрли се в море!« и не се посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. 24. Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде. 25. И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови. 26. Ако ли, пак, вие не проштавате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.“ Филип Иванов е дипломиран теолог и служи во Евангелска Црква во Велес.