Пепи Георгиевски во Малта
Младинската школа на најголемиот македонски фудбалски бренд ФК Вардар гостува на турнир во Малта. Со нив допатува и една од најпрепознатливите фудбалски легенди не само на клубот туку и во историјата на целиот македонски фудбал, Пепи Георгиевски. Некогаш, средниот ред на ФК Вардар не можеше да се замисли без неговото присуство, а денес и по три децении во истиот клуб, работи за истите бои, како скаут на тимот. Пепи Георгиевски беше и наш гостин, на разговор кој вреди да се чуе...