Македонските деца во малтешкиот фудбал...
Бројката на македонски деца родени во Малта секоја година се' повеќе се зголемува. Бројката од 150 новородени Македонци на островот одамна е надмината, па така и не зачудува фактот што и во спортскиот аспект македонските деца ќе ги гледаме се' почесто. Македонските фамилии се прифатени како дел од малтешкото општество кое се развива со голема брзина во сите сфери. Темата на денешната епизода веќе не е изненадување, а станува збор за фудбалски клуб во кој има петнаесетина наши деца регистрирани во Малтешката Фудбалска Асоцијација и уште пет тренери кои поседуваат УЕФА/ФИФА лиценци.