G
enby!

Војна на теренот, војна на трибините...!!!

Вечното ракометно дерби уште еднаш покажа и потврди дека квалитетот на македонскиот ракомет е концентриран во овие два клуба кои на првиот првенствен дуел во сезоната 2025/2026 водеа вистинска ракометна војна на теренот. Во текот на натпреварот предноста за едниот или за другиот тим не ја помина границата од три гола. Од друга страна, дербито уште еднаш го потврди антагонизамот меѓу двете навивачки групи - во одредени сегменти и неразбирлив во својата бруталност на однесување. Да влезеш во сала и за помалку од 60 секунди, со идеја и цел да фрлиш запалена бакља кон делот од публиката каде седат жени, деца, возрасни луѓе е малоумштина и невиден спортски простаклук.

Смотрите также