Е5: „Сопки на патот: квалитет на мајчиното млеко“
Секоја мајка која доела или дои, барем еднаш во нејзиното доенечко искуство слушнала дека млекото може да биде „слабо“ (нискокалорично, недоволно мрсно); а не ретко го слушаме и моментот со т.н. „прво млеко“ (предно млеко, водичка млеко, некалорично млеко) и „задно млеко“ (мрсно млеко од кое бебињата всушност креваат на килажа. Што од сето ова е вистина, и што вика науката зад овие феномени? Дали постојат два типа на млеко, дали можеме да влијаеме на квалитетот на млекото? Што треба да знаеме на темата „слабо и калорично“ млеко?