E9: „Сопки на патот: интензивен рефлекс на испуштање на млекото“
Интензивен рефлекс на испуштање на млекото ја нарекуваме појавата кога од градата на мајката, под дејство на секреција на хормонот окситоцин, исфрлањето/испуштањето на млекото од жлезденото ткиво се одвива со малку поголем интензитет. Вредно е да се напомене дека нема мерка која го дефинира овој интензитет, туку единствениот фактор кој треба да го земеме во предвид е нашето бебенце, и неговата способност да се справи со млазот млеко кој доаѓа од градата. Во оваа епизода разговараме за потеклото на овој рефлекс, хиперпродукцијата како најчест причинител, начини на справување со интензивен рефлекс - и нешто многу важно: симптоми кои се слични со овие, но, во позадина се крие нешто сосема друго!