Стојне: не знам каков маж сакам, само да е убав и згоден ISKRENO_8
Поп-фолк пејачката Стојне Николова во оваа епизода им дојде на гости на Ивана и Адријана. Со неа “искрено” рљзговараа на многу теми врзани со љубовниот и приватниот живот. За тоа дали кога нешто ќе посака, тоа ѝ се исполнува Стојне рече едноставно кога нешто ми било желба и сум го посакувала и сум работела на тоа и кога работи човек на нешто кога тогаш дали повеќе или помалку ќе му се оствари. Адријана се жалеше на поткастот за влијанието на ретрограден Меркур на нејзиниот живот, а Ивана откри дека правењето натални карти и е хоби. Имаше муабети за згодните полицајци во Чикак го кои ја возеле Ивана во полициска кола, за тоа колку пати Адријана била изгорена од мажи, но и како денеска се справува со таквите мажи. Девојките ги споделија своите ставови за мажите, кои од старт сакаат да ги градат врските засновано на квалитетот на сексот, но и многу други нешта, погледнете го целиот муабет.