НЕВЕРСТВО: Кога еден изневерува и изневерениот е виновен?! Нешто Конкретно/Nesto Konkretno S02 E18
Во новото издание на „Нешто конкретно“ зборувавме за неверство буквално од секој вид, а нашите гости беа конкретни во одговорите дека неверство не простуваат. Зоран Љутков веднаш пресече дека неверство ниту сака да прости, ниту пак да му простат, тука е крајот за него, а Сања Ристиќ пак посака добро да се посочи дека таа знае кик бокс со што би ја намалила можноста од неверството на својот партнер (smiley) . Водителката Снеже Велков извади статистика дека мажите со брада се поголеми изневерувачи од останатите, па погледнете дали Пандов се согласи со тоа. Психологот Ивана откри дека некогаш се случува баш неверството да ги среди односите меѓу партнерите на што Сања Ристиќ дофрли - Ако не па и кафе да пиеме со швалерката...