G
enby!

БИДИ МАЖ

Драмска секција на СОУ ,,Ѓорче Петров“ - ,,Слободно театарче“ ,,Биди маж“, по сценарио на Филип Стојаноски и под менторство и режија на професорката Билјана Тинтоска. Во услови на пандемија, кога меѓу нас владее стравот за својот и за животите на нашите блиски, сакаме повторно да внесеме малку ведрина, да измамиме насмевки на вашите лица, да поттикнеме храброст. Нашата изведба не е ништо друго, туку слика на денешницата, само гледано од поведрата страна на животот. Сѐ ќе помине, па и оваа неволја, оти ништо не е вечно на овој свет. Вечна е само љубовта и, штом ја имаме во нашите срца, ниту еден страв нема да нѐ совлада. Улогите ги толкуваат: Филип Стојаноски, Лидија Макалоска, Леонид Момироски, Василиј Пенков, Марија Недеска, Теона Крстеска, Сања Дамеска, Бојан Гиноски, Ирина Јованоска, Фросина Трајкоска, Фросина Конеска, Фросина Петреска, Вања Младеновски, Христијан Паноски, Илија Кулески. Техничка поддршка: Димитар Ристески Снимање и обработка: ФАН ПРОДУКЦИЈА – Оливер Ангелески Забрането користење на овој видео запис без дозвола на авторот на видеото, поради авторски права.

Смотрите также