,,ГРАБИТЕЛИ"
ДРАМСКА ВЕЧЕР НА „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ – Драмска секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, под менторство на проф. Билјана Тинтоска На нашата традиционална Драмска вечер одржана на 12.12.2022г. во салата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ публиката имаше можност да се соочи со ситуација која е еднакво актуелна, колку што е и древна, откако постои светот и векот. Насловот ,,Грабители" се однесува на човечката ненаситност во сите слоеви на општеството - од највисоки до најнезабележливи. И се разбира - сето тоа зачинето со највкусниот зачин - хуморот. И пораката - како да не бидеме такви какви што се повеќето ликови на сцената и да бидеме чувари на законот и човештилакот! Се надеваме дека како и секогаш барем за малку ја извлековме публиката од сивилото на секојдневието и намамивме насмевки! Им благодариме на нашите посветени глумци за ентузијазмот, пожртвуваноста и љубовта со кои оваа вечер ни ја направија повесела, поведра, посебна. Театарот, комедијата ја имаат моќта да ја обојат стварноста со весели бои. Смеата е здравје! Посебна благодарност укажуваме до директорката Јасмина и техничкиот персонал на Народниот театар ,,Војдан Чернодрински" од Прилеп за отстапениот простор и помошта, до професорите и родителите за разбирањето и несебичната поддршка, до Фан Продукција Оливер Ангелески и до нашата почитувана и обожавана публика! Текстот на комедијата е на Филип Стојаноски, а улогите ги толкуваат: 1. Вања Младеновски 2. Теодора Велкоска 3. Бојана Најдоска 4. Лора Божиноска 5. Теодора Димовска 6. Санџана Мефаилоска 7. Илина Тодороска 8. Ангела Талимџиоска 9. Михаил Јорданоски 10. Исидора Попоска 11. Марија Котева 12. Исидора Николоска 13. Леона Плетварец 14. Михаела Стојаноска 15. Матеа Стојчевска 16. Марко Костадиноски 17. Христина Кулеска 18. Наталија Шеќероска 19. Марија Стеваноска 20. Ненад Ризовски 21. Тамара Димитриеска 22. Мениса Адем 23. Катерина Лашкоска 24. Едис Еминоски 25. Викторија Стојкоска 26. Ивана Дамческа 27. Михаил Тркалески Ви ветуваме уште многу естетски задоволства на ,,штиците што живот значат"❣️