Омаж за Игор Маџиров (1969-2000)
Тој беше вистински принц од бајките! Знаејки дека веќе го нема навистина не беше лесно да се изработи омаж за ова златно чудесно црвенокосо момче со златно срце од светот на бајките кое преку своите улоги во истата серија, приказните и други детски тв серии и претстави со леснотија ги освојуваше срцата на гледачите! Малиот Петар, Рувен, принцот, могли - детето од џунглата и безброј други улоги кои останаа врежани во сеќавањата на нашата публика, а посебно кај најмладите, за кои тој најмногу твореше! Секогаш топлото и насмеано лице на Игор кое ветуваше многу како иден актер, трагично го напушти овој свет во триесетата година од својот живот! Само по 8 часа од одигрувањето на неговата последна претстава "Убавицата и Ѕверот" згасна младиот живот на Игор! Сцената без него не е иста! Младата публика остана без својот принц од бајките! Игор е брат на светскиот, а наш познат македонски музичар Зоран Маџиров кој во сообраќајна несреќа го загуби својот животот на 9 Мај, 2017 година. Игор Маџиров, во својот работен век најмногу соработувал со режисерот, Миле Грозданоски со кој ги снимил најголемиот дел од "Во светот на бајките" по чии епизоди Игор остана најзапаметен! Исто така останува запаметен и по една легендарна сцена со Раде Шербеџија во филмот "Пред дождот" на Милчо Манчевски. Нека му е вечна слава и Бог да го прости! Текст и автор на омажот: Горан Марковски.
Смотрите также
