(01)ПРЕСИНГ со Дарко Панчев: Селекторот Милевски прв гостин - отворено за се во мак-фудбалот!
🎙️🎥 ПРВА ЕПИЗОДА ОД НОВИОТ СПОРТСКИ ПОДКАСТ НА ЕКИПА - „ПРЕСИНГ“ со македонските спортски легенди 📍 💬 Специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“, проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно! 📍 💬 Во првата емисија на ПРЕСИНГ улогата на ко-водител, покрај нашиот новинар Горан Бошев, ја има Дарко Панчев, најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, а чиј гостин е селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски. РАЗГОВОРИ ЗА... 💬 За се што се случува во македонската репрезентација... Колку големите, некогаш нереални, очекувања на јавноста го оптоваруваат националниот тим... За тимот пред поединецот и неопходниот „рез“ во репрезентацијата‼️ 💬 За (не)аргументираните критики од јавноста! За недвосмислената поддршка која ја доби и од новото раководство на ФФМ‼️ 💬 За малиот избор на репрезентативци од домашната лига! За (не)квалитетот на клупскиот фудбал‼️ 💬 Време ли е и државата поактивно да се вклучи со поддршка на фудбалот⁉️ 💬 Кои двајца фудбалери со македонско потекло од странство во моментов се следат и во иднина би можеле да го носат македонскиот дрес⁉️ 💬 За периодот во Црвена Звезда кога и Дарко Панчев и Боби Милевски во исто време се најдоа во еден од најдобрите клубови од Југоисточна Европа‼️ 💬 За светските фудбалски теми, за „украдената“ Златна топка на Дарко Панчев, и дали Винисиус Жуниор заслужува или не да биде⁉️ избран за најдобар фудбалер во светот
Смотрите также
