Игор Маџиров (Документарен филм) / Igor Madzirov
ИНТЕРВЈУ ЗА ИГОР МАЏИРОВ (ДЕТЕТО СО ЦРВЕНАТА КОСА) Придружете се на страната посветена на актерот Игор Маџиров Линк: / igormadzirov ------------------------------- Игор Маџиров (детето со црвената коса) беше еден од најталентираните и најхаризматичните актери во Македонија. Познат по улогите од серијалот „Во светот на бајките" во кои го глумеше „Малиот Петар", „Петар Гаван", улогата во „Пред дождот" - нашиот кандидат за Оскар, но и по многу други улоги во Театарот за деца и младинци. Во неговиот матичен театар, во периодот од 1993 до 2000 година Игор Маџиров глумеше во над 500 одиграни претстави, меѓу кои „Могли" -детето од џунглата, „Убавицата и Ѕверот", „ Крале Марко", „ Пуфи Паф", „Спомени во ноќта"... Ако на тоа се придодадат уште толку во приватниот театар "Мира Лектира" ќе се стигне до импозантната бројка од 1.000 одиграни претстави за деца. На најмладите во '90-тите Игор Маџиров им се претстави и во 9 светски познати бајки во продукција на МТВ, а во пет од нив ги одгигра главните улоги. Последната претстава во неговиот живот беше „Убавицата и Ѕверот" која ја одигра осум часа пред неговата смрт. Документарниот филм „Интервју за Игор" е инспириран од животот, делото и смртта на актерот Игор Маџиров. Снимен е во соработка со неговите пријатели, колеги и семејството. Документарниот филм е снимен со дозвола на семејството Маџирови Музика: Зоран Маџиров Камера: Филип Кондовски Монтажа: Олгица Поцкова Режија: Драган Довлев Специјална благодарност до: Семејството Маџирови, театар за деца и младинци, Филип Кондовски, Срѓан Јаникиевиќ, Новица Крстиќ, Огнен Јантов, Мартин Чунихин, Љупчо Арсовски, и до сите оние кои одвоија време за ова интервју и го направија овој документарен филм возможен. Филмот е снимен во продукција на колегите на актерот Игор Маџиров. ------------------------------------ ДО МЕДИУМИТЕ: ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ НАВЕДЕ ЛИНК ОД СТРАНАТА ПОСВЕТЕНА НА АКТЕРОТ ИГОР МАЏИРОВ И ОРИГИНАЛНИОТ ЛИНК ОД ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ.