G
enby!

Омаж за Димче Мешковски (1945-2023)

Почитувани, со огромно задоволство и радост ви ги прикажуваме 12те минути посветени на нашиот еден и единствен, Димче Мешковски. Актер со буен и раскошен талент, актер - учител! Зарем некој би го заборавил, Тасе; Секула; батко Цоле, вечниот и најубав дедо мраз?! Глас кој побудува најубави сеќавања за едно дамнешно време! Тој беше и Попај Морнарот во истоимениот цртан-филм, беше и Гаргамел во Штрумфовите, но беше и еден глас кој преку радиото со години го веселеше нашиот народ ширум републиката, тој беше нераскинлив дел од фамилијата наречена ХИХИРИКУ! Актер кој умееше да ве насмее до солзи, но и да ве расплаче до липање! Погледнете го омажот до крај. Димче беше посебен! Вечна му слава и незаборав!

Смотрите также