Омаж за Благоја Спиркоски - Џумерко (1946-2015)
По повод 79 години од раѓањето на доајенот и бард на македонското глумиште Благоја Спиркоски - Џумерко изработивме омаж со кој ќе се присетиме на неговите улоги кои оставија траен белег на македонската актерска сцена! Се родил во семејството на Марија и Киро Спиркоски во Прилеп на 6 февруари, 1946-та. Првиот момент кога актерот ќе се возгордее од својата слава и популарност, (колку истиот да е талентиран и успешен) во истиот момент завршува неговата кариера! Верувам дека Македонија покрај тоа што има врвни актери, истите се и приземни! Еден таков добар пример на доблесен човек и актер со народен, чаршиски дух беше токму нашиот великан на актерската сцена, Благоја Спиркоски - Џумерко, Еден ден го гледаш помеѓу филмски ѕвезди (и самиот тој ѕвезда), другиот ден помеѓу својот народ, своите сограѓани, обичен човек, токму во тоа беше и неговата големина! Вечна му слава! Изработено од: Горан Марковски