G
enby!

Проф. д-р Лазар Јовевски: Лидерството не е титула, туку стил на живот | Бизнис Лидер S02 E02

Во оваа епизода на Бизнис Лидер, проф. д-р Лазар Јовевски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и советник за труд и социјална политика на Претседателот на Владата на РСМ, зборува за лидерството како начин на живеење – концепт што не се ограничува само на бизнисот, туку се протега низ сите сфери на животот. Како што истакнува д-р Јовевски, кога зборуваме за лидерство, зборуваме за вредности – карактерни принципи кои треба да мотивираат и инспирираат, не само оној што го носи лидерството во себе, туку и неговата околина. Лидерството, вели тој, може да се гледа низ призма на семејството, работното место, спортот, културата, па дури и политиката, бидејќи секој човек може да биде лидер во сопствената средина. Тој додава дека вистинското лидерство е начин на живеење, нешто што е длабоко поврзано со личноста и нејзиниот развој. За да се биде успешен, потребно е континуирано учење, промена и личен напредок, а суштината е во тоа да се разбере дека човекот е во центарот на сè. Наместо да се бара вина кај другите, треба да се започне од себе – со промена во сопствените навики, ставови и начини на размислување. „Не се споредувај со другите, следи го сопствениот пат,“ порачува Јовевски, нагласувајќи дека токму тогаш работите почнуваат вистински да се менуваат.

Смотрите также