G
enby!

Велјаноски: Дали со 10 000 може да се живее и преживува во Македонија?

Извадок од говорот на пратениот Митре Велјановски, Второ продолжение на Седница бр.80 на Собрание на РМ. Пред некој ден Синдикатот конечно со нешто излезе и се јави бидејќи е немоќен да направи нешто. Излезе со бројките за тоа колку треба да изнесува минимална, синдикална кошничка за пристоен живот на човек во 21 век. И синдикатот вика за 4 члено семејство се потребни 32 144 денари, следна забелешка во тоа семејство да нема сопствен автомобил. Синдикатот вика дека требаат 13 500 денари за исхрана и пијалоци, синдикатот вика дека за домување требаат 10 265 денари, синдикатот вика за хигиена требаат 2 200 денари, синдикатот вика за превоз требаат 2 339 денари, синдикатот вика за облека и обувки месечно требаат 2 098 денари, за култура 1 070 денари, за одржување на здравјето бедни 650 денари или вкупно 32 144 денари за едно 4 члено семејство да може да живее или да преживее 1 месец достоен на човек, се што е под ова е мизерија, е беда, е понижување, е преживување. Ајде да видиме колку луѓе во Република Македонија можат да си го дозволат овој луксуз на пристоен живот, живот кој е достоен на човек во 2013 година. Просечна плата во Република Македонија, после сите ваши зголемувања 21 108. Просечната плата е многу далеку, за близу 50% да го достигне нивото на пристоен живот. Ова не е луксуз. Ова се елементарни човечки потреби. Без никаков луксуз, без автомобил во 4 члено семејство. Просечната кошничка која не може половина потрошувачка кошничка да ја обезбеди, ја земаат само 9,1%, натаму државниот завод за статистика вика дека 200 000, оние среќници во Македонија кои имаат работно место земаат плата од 10 до 16 000 денари. Замислете како 4 члено семејство живее со овие пари. Дали со 10 000 може да се живее и преживува? Само фактот дека повеќе да умираат од колку да се раѓаат е пораз за секоја сериозна влада која и мисли добро на својата држава и својот народ. Другиот податок кој е запрепастувачки, загрижувачки е податокот на масовното иселување. Нема зрак светлина во тунелот. Сите анкети со младите луѓе се поразителни, катастрофални. Над 90% од младите размислуваат да ја напуштат Република Македонија, тоа е пораз. Огромен пораз. Не треба никој да ни кажува колкава е мизеријата, колку е сиромаштијата и колку Македонија се враќа назад, место да оди напред. Додека разговарате и излегувате секогаш кога основните или против аргументи ви се што направил СДСМ, а сето тоа по 8 години власт во континуитет до тогаш нема среќа и нема надеж. Србија доби датум, Србија ги почнува преговорите и она што ни се случува со Бугарските пасоши, за некој месец или некоја година ќе продолжи со Српски пасоши. Се движиме во погрешна насока место напред се враќаме назад.

Смотрите также