G
enby!

Вељаноски: Над 230.000 млади луѓе се иселени од државата

Извадок од говорот на пратеникот Митре Вељаноски, седница бр.75 на Собрание на Р.Македонија по 2-ра точка на дневен ред - изменување и дополнување на буџетот на Р.Македонија за 2013 година. Владата има еден одговор дали нејзините граѓани живеат достоинствен живот на ниво од Европа? Дали перспективите на младите се отворени или не се отворени? Одговорот го знаете. Знаете ли што направивте? Или сите, кој повеќе, кој помалку. Направивте едно големо ништо. Направивте изгубени генерации. Секој што се одзива на позиција министер, премиер, пратеник или функционер треба да се срами од она што е Република Македонија денес, последна во секој поглед. Дали во Македонија живеат најсиромашни граѓани во Европа? Да Дали во Република Македонија има најлоша патна инфраструктура? Да Дали Македонија има најлоша железничка инфраструктура? Да Знаете ли што направивте? Го направивте најголемото злосторство, најголемото класно растројување во Европа. 10% богати, 90% сиромашни. Според неправичноста сме на прво место во Европа, според злосторството на сопствените граѓани. Последните години 230.000 млади луѓе се иселени со регулиран престој. Најмалку уште толку како што вика Светска банка со нерегулиран се иселени. Тоа ли се успесите на министерот за финансии? Тоа е пораз, тоа е срам! Само делби и поделби, само пизма и зла крв, кој кого затворил, кој е предавник, кој е шпиун. Тоа ли е Влада? Тоа ли е политика? Тоа ли е држава во која еден граѓанин може да се чувствува достоинствено?

Смотрите также