Битола мој роден крај – со ѓубриште или со нова регионална депонија
Во Македонија долго се зборува за селекција и рециклирање на отпадот, пред се, преку изградба на регионални депонии по современи стандарди. Но, во пракса, напредокот е многу ограничен. За разлика од многу други инвестиции, дури и парите не се проблем, туку недовербата на граѓаните дека тоа ќе се направи како што треба Последниот пример се Битола и Битолско каде извесно време се одржуваат протести против изградба на регионална депонија на територија на општина Новаци. Може ли да биде полошо од тоа што се случува со отпадот во моментов?