Битола - 'Златен рид' остана мрачна населба
И по пет години од најавата на проектот Златен Рид - каде требаше да никне најлуксузната четврт во Битола со хациенди, згради, градинки и други институции - таа населба со градот е поврзана само со козји патеки. Како и зошто се потрошени 2, 5 милиони евра од парите на битолчани кои беа наменети за изградба на инфраструктура? Ги прашал ли некој граѓаните? Финансиското работење на Општината е предмет на истрага на Обвинителството. Овој ТВ-документарец е овозможен со поддршка на американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). За содржината на документарецот е одговорен тимот на Мета - новинска агенција - проект на Фондацијата „Метаморфозис“ (Metamorphosis Foundation) и не ги изразува ставовите на УСАИД (USAID Macedonia) ниту, пак, на Владата на Соединетите Американски Држави.