Параскев Цветков (1875 -1903)
Изработено од Горан Марковски. Во Могила Цветков мртов падна - во исполнение на Панде Коминовски. Позејмени се инсерти од Телевизиската серија - Тврдокорни, снимена во чест на војводата Параскев Цветков. Параскев Цветков, познат и како Парашкев, роден е на 20 мај 1875 година во Плевен, Кнежество Бугарија. Бил професор по музика и војвода на ВМОРО. Учел во родниот град и Софија, а покасно студирал во Прага и Дрезден. Од 1902 година бил професор во Битолската гимназија и се вклучил во редовите на ВМОРО. Бил делегат на Смилевскиот конгрес. На 20 мај 1903 година тој и неговата чета пристигнале во битолското село Могила за да ги почнат подготовките за Илинденското востание. Но, следното утро, на 21 мај 1903 година, биле опколени од турски аскер и после целодневна битка Параскев Цветков бил тешко ранет, по што самиот се самоубил. Загинале и половина од неговата чета, меѓу кои и војводата Андреј Петров.