Најстар аудио запис: "Стојан Војвода" - 1902
❗️Историја: Најстар аудио запис на песната "Стојан војвода" Војвода од село Горно Соње. Песната ја исполнува, Димитри Кучков. Аудио снимката е направена 1902 гoдина пред Илинденското востание. Снимена на цилиндер, претходник на грамофонски плочи Wax Cylinder Recording од францускиот антрополог Leon Arzoulay во село Кожле, Скопско. Текст на песната: Болен ми лежи Стојан Војвода Болен ми лежи Стојан Војвода Дејгиди болен Стојан Војводо Дејгиди македонски комита Над глава му седи неговата мајка Над глава му седи неговата мајка Дејгиди болен Стојан Војводо Дејгиди македонски комита Кој ќе да ти носи танката пушка Кој ќе да ти носи танката пушка Дејгиди болен Стојан Војводо Дејгиди македонски комита Кој ќе да ти носи острата сабја Кој ќе да ти носи острата сабја Дејгиди болен Стојан Војводо Дејгиди македонски комита Нека да ги носи тоја хајдук Велко Нека да ги носи тоја хајдук Велко Зашто е и тој јунак как' мене. (Дијалект од скопско, од јужната страна на Водно, многу близок со македонскиот современ литературен јазик). Ексклузивно: Жива е Македониiа Заследете не' на ФБ за повеќе вакви ексклузивни и драгоцени содржини! @Жива е Македонiа