G
enby!

Прошетка низ Кралството - Модрич.mp4

Прошетка низ Кралството, е прошетка низ природните убавини на Модрич и неговите многубројни извори. Модрич е село во општина Струга кое се наоѓа во западниот дел од Македонија, по течението на реката Црни Дрим во месноста наречена Долни Дримкол. Модрич е познат по својата уникатна местоположба и чистиот воздух, изворите со вода за кои е и снимен игран филм на таа тема Време Води од Бранко Гапо, гостопримливота и отвореноста на луѓето кои живеат или потекнуваат од таму. Одлично место за одмор, спортски риболов(Дебарско езеро 10км и Глобочица 10км, лов на дивеч. Како еден куриозитет за лугето кои живеат или потекнуваат од Модрич е нераскинливата волшебна врска или носталгија за стариот крај и тежнеењето да се помине што е можно повеќе време во Модрич да се придонесе на некој начин за заживување на селото. Во Модрич живее Православно Христијанско население, и можам со восхит да кажам дека селото е духовно заштитено со четири манастири Свети Никола на влезот на селото, Свети Арангелија во месноста Градиште, Свети Ѓорѓија во Долна Маала,Свети Атанасија во Кочеа Маала. Во средсело се наоѓа цркавата Успение на Света Богородица која е доста позната меѓу народот не само од Долни Дримкол туку и пошироко како меѓу христијани така и меѓу муслимани, по својата исцелителска моќ. музиката во видеово: Helios-Airborne, Reiki-Invisible Healing, Dragan Dautovski-Love Secret, PeterSun-Naked

Смотрите также