МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ СО ЈОН И БЕТИ ТРЕНОСКИ (25.10.2025) ГОСТИН: РИСТО НИКОВСКИ
📌 Нови ветрови во новата дипломатија: Македонија меѓу ЕУ, Британија и внатрешните предизвици - Берлински процес или политички притисок? Посетата на македонската владина делегација во Обединетото Кралство ја отвори дилемата: Како Македонија се позиционира на европската карта? Дали Берлинскиот процес носи реални придобивки или само дипломатски симболи? Во живо со поранешниот амбасадор и политички аналитичар Ристо Никовски, разговараме за вистинската тежина на посетите, за патот кон ЕУ, но и за реалноста дома – локалните избори, институционалните предизвици и политичките пресврти. Вечерва во живо на Фејсбук, Јутјуб и Радио Македонија на крстопат – со Ристо Никовски Добредојдовте на уште една македонска софра, полна со избрани македонски песни и ора и збогатена со Ристо Никовски. Вие сте на вистинското место и заслужувате да бидете информирани за да ја знаете вистината. Македонец е секој оној што не ги заборава корените од минатото и ги поврзува со сегашноста и иднината. Македонец е човек што остава македонска трага зад себе за навек.#МакедонијаНаКрстопат