360° season 12, show 18 (in-depth) - Владата најавува буџет по учинок за судството
Broadcasted on November 13, 2025 (Thursday) on MRT1 at 20.45. Во новото издание на емисијата објавуваме: – Треба ли поради грешки да се повлече учебникот по Македонски јазик за седмо одделение – експерти сметаат дека „општествено е поразително ова што ни се случува“, од Бирото за развој на образованието дека грешките „не го намалуваат квалитетот на учебникот“; – По критиките од Европската комисија за финансиска зависност на судството, дали независен буџет по примерот на Собранието е можно решение; – Природните перики што ги изработува Сашка Кузманова од Кавадарци не завршуваат само кај онколошки пациенти, туку и кај девојки чија кожа и коса настрадаа во трагичниот пожар во Кочани; – Бизнис-дијагностика – прв чекор кон поуспешна компанија, зошто; – „Саботажа“.