2 Епизода (сезона 2) НП Пелистер - Баба Планина
Искачување на врвот преку ризичниот гребен во неповолна временска состојба на планината. Прескокнување огромни карпи и камени плочи, со густа магла и далечни грмежи. Во вечерните часови, непланирано музичко дружење во домот на Големото Езеро. Сеакако не изостанаа и најпресните трагови од мечка.