G
enby!

Elena Andonovska - Most mi zidaja devet majstori / Мост ми ѕидаја девет мајстори (Merak Meana-Live)

Гостување во емисијата Мерак Меана - Телевизија Сител МОСТ МИ ЅИДАЈА ДЕВЕТ МАЈСТОРИ Мост ми ѕидаја, девет мајстори, девет мајстори, до девет браќа. Мост ми ѕидаја во Кратово, во Кратово, на река Манцева. Дење го ѕидат, ноќе мост им паѓа се опкладиле деветте браќа. Која ќе снаа утре да дојде, ручек да донесе на мајсторите, нејзе ќе ја в' темел заѕидаме, да ни затрае мост на реката. Вечерта кога дома дојдоа, сите им кажаја на невестите. Само не и кажа најмалото братче, оно не и кажа на Рада невеста. Станала Рада ручек зготвила, ручек им однела на мајсторите. Kога ја виде најмалото братче, викна си оно на глас да плаче. Тогаш ја фатија Рада девери, и ја заѕидаја во темели. Рада на девери жално се моли: Барем остајте ми десната града. Барем остајте ми десната града за да си надојам машкото дете. Ѝ оставија десната града за да си надои Рада единче.

Смотрите также