G
enby!

💥Проф. Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)

🎙️ Во првиот дел од разговорот со проф. д-р Оливер Андонов од Воената академија во Скопје и еден од основачите на Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, се фокусираме на домашниот политички контекст и на анализите што предизвикуваат внимание во јавноста. Андонов детално ги анализира актуелните настани и наративите на власта на Мицкоски, ја објаснува својата теза дека Северна Македонија веќе функционира како прокси држава на Балканот, а ја отвора и дискусијата за надворешните влијанија врз институциите и политичките процеси. Понатаму, говориме за главните политички наративи што доминираат во пресрет на локалните избори – дали се однесуваат на локални прашања или пак се злоупотребуваат за ширење национални, националистички и геополитички агенди. Разговорот допира и до прашањето како ваквите наративи влијаат врз меѓуетничките односи, како и довербата во институциите. Разговорот го водеше: Џабир Дерала Камери и монтажа: Ариан Мехмети Прочитајте го научниот есеј од прф. Андонов: РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1) 👉 https://civilmedia.mk/ruski-hibridni-...
РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава 👉 https://civilmedia.mk/ruski-hibridni-...

Смотрите также