Форшпан епизода Самопомош и преживување-( премиера Сабота 17:40
Серијал емисии од рекреативно едукативен карактер во кои ќе можете да ги видите случувањата и авантурите одблиску, низ призма на активен учесник. Ќе добиете информации во врска со посетените предели како и назнаки како да ги пронајдете и да пристигнете до нив. Ќе можете директно да процените каква опрема и колкава физичка подготвеност Ви е потребна за впуштање во вакви авантури. Ќе видите предели, започнувајќи од тешко проодните и малку познати локации, па се до високите планински врвови кој досега многу ретко или воопшто не биле прикажани. Ќе се вклопиме и прилагодиме на секакви временски услови во остварување на крајната цел, а тоа е да Ви ги прикажеме планините и нивните убавини во сите годишни времиња и во различни временски услови. Покрај убавините и уживањето во нив, кој се неодвоив дел од планините и планинските авантури, ќе ги видите и опасностите како стрмите планински страни, изложените карпести гребени, снежните стреи и опасноста од лавина, дивите животни, големите температурни разлики, силните ветришта и брзите временски промени со кои ќе се соочиме во серијалот.