Фер плеј со Јана - Горјан Славески - BKFC
Дознаваме дали Американецот Џејк Линдзи беше тежок противник? Кои беа неговите најсилни страни? Какви повреди заработи Гого и како успеа да прослави шампионска титула без разлика на потресот на мозок уште во првата рунда? Дали неговите најблиски ја гледаа борбата во живо? И дали е под притисок што сега треба да ја брани титулата? За повредите на боксерите, кои понекогаш оставаат трајни последици по нивното здравје, во оваа прилика разговараме и со Проф. Д-р Иван Барбов, невролог од Универзитетската клиника за неврологија и официјално медицинско лице на Кик-Бокс Федерацијата на Македонија.