Цената на загадениот воздух во БиХ – повеќе болести, помалку вистина
Најголема корист од прекумерното загадување имаат оние кои се сопственици на тие постројки, односно сопственици на загадувачите, бидејќи тие всушност загадувањето го прават така што штедат на гориво, штедат на технологија, штедат на филтри. Ним им е во интерес податоците за загадувањето да бидат што помали и недоволно транспарентни. Најголема штета трпи локалното население, затоа што го вдишува сето она што излегува низ оџаците, сè што загадувачите исфрлаат надвор – тоа всушност го дишат тие луѓе и нивното здравје е загрозено.