ПП С10 Е64 ЕМОФ - МИН. ЗА СПОРТ - СКОПЈЕ - ВЛАДА - ПОДДРШКА, АМА БОРБА СО СПОРТСКА КОРУПЦИЈА ТЕШКО!!
ПОЛН ПОГОДОК С10 Е64 ЕМОФ - EYOF - МИН. ЗА СПОРТ - СКОПЈЕ - ВЛАДА - ПОДДРШКА, АМА БОРБА СО СПОРТСКА КОРУПЦИЈА ТЕШКО !!! Топикот на самата емисија кажува СЕ, требаше да збориме за македонската кошарка, новостите во ФФМ, да ги анализираме и коментираме последните случувања но сепак работната недела започна со МОК - ЕМОФ - EYOF па оваа емисија тоа има и предност. Ајде со ред, најпрво Министерството за спорт и владата според зборовите на министерот Борко Ристовски цврсто застанува позади оваа спортска манифестација па потсетуваме како и самиот министер пред да стане министер за спорт говореше во Полн Погодок за МОК, АМС и Даниел Димевски но сега заеднички го воздигнуваат македонскиот спорт. Потоа збор два за ЕМОФ - EYOF на која ќе ви кажам колку МОК делува скржаво во организација но тоа некаде во следните емисии подетално и споредбено со Марибор 2023 - ЕМОФ, кога е во прашање организацијата тука ќе земам само еден параметар кој ќе биде доволен да биде ЈАСНО тоа што ќе го обелоденам и каде нивниот Олимписки Комитет основно претседателот не се појавуваше на начин кој се појавува Даниел Димевски. ЗА КРАЈ на емисијата транспарентност самата прес конференција првична за ЕМОФ - EYOF збор два и за неа но и транспарентноста на Полн Погодок да ја пушти и секако акцент припазете на прашањата и одговорите кои беа дадени на самата првична прес конференција. На кратко со огромен ветар во грбот за ЕМОФ - EYOF практично Владата и Министерството за спорт ќе се бори против корупцијата во спортот која ГЛАСНО ја зборуваа додека не беа на власт токму најспомнувано име беше Даниел Димевски, сведоци ли сме на уште едно системско промашување од многуте каде имаме и процес за СПОРТСКИ ВАУЧЕР во суд Владата МОЛЧИ, на прашање кој е директор на ЈПССО? Владата повторно молчи, за Кале повторно се молчи, за салата Јане Сандански повторно се молчи, но така не беше зборувано на гостувањето во Полн Погодок, па да потсетиме, и да разјасниме дека вака борба со корупција во спортот не се води со штитење на оној кој највеќе го ставаа на ТАПЕТ пред да дојдат на власт. Полн Погодок Секој Понеделник и Петок од 18:30 На Тв Сонцe.
Смотрите также
