G
enby!

Прес-конференција на Петра Лукароска, кандидатка на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Прилеп

Прес-конференција на Петра Лукароска, кандидатка на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Прилеп Почитувани сограѓани, На крајот на 4-годишното владеење на ДПМНЕ, нашиот град, Прилеп, го допре дното. Покрај целосно нефункционалната Општина, власта во заминување зад себе остава и јавни претпријатија пред банкрот, чиј вкупен долг надмина 2 милиони евра. За прв пат во своето постење, во категоријата загубари се вброи „Водовод и канализација“, претпријатие кое неспособниот раководен кадар на ДПМНЕ го доведе на работ на амбисот со долг од близу еден милион евра. И покрај тоа, наместо ветеното намалување на цената на водата, прилепчани плаќаат повисоки сметки за нешто кое, и според бојата и според миризбата, личи на се’ само не на вода. Своите услуги за дури 67 отсто ги зголеми и „Комуналец“. Ама ни тоа не придонесе за подобрување на хигиената во Прилеп: улиците се валкани, градот се гуши во смет, контејнерите преполни со ѓубре, депонијата во Алинци гори секој втор месец, вработените во царинскиот Терминал 7 месеци се без плата. Загубар е и јавното претпријатие „Пазари“. Покривот на градскиот пазар се распаѓа, пазарџиите работат во нехумани услови иако за тезгите плаќаат високи закупнини. И Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови е во финансиска “дупка“. Иако за 50 отсто поскапеа градскиот превоз и цената за паркинг, платите во претпријатието не се исплаќаат во законски предвидениот рок. Тоа е причината поради која вработените во јавниот градски превоз во неколку наврати стапија во штрајк, а најавени се и нови прекини на градскиот превоз. Почитувани, се’ што во Прилеп во изминатите 4 години можеше да поскапи – поскапи. Се’ што можеше да тргни на полошо, тргна. Зад сето ова, зад целата оваа катастрофа стои „потписот“ на Дејан Проданоски. Како претседател на Совет во период од 3 години, Проданоски ги потпиша сите Одлуки за поскапување на цените на услугите на јавните претпријатија, а како 5-годишен актуелен претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ, го одобри изборот на сите нивни директори. На претстојните избори прилепчани нема да дозволат понатамошно тонење на градот. Агонијата мора да запре! Ви благодарам.

Смотрите также