G
enby!

Pesna za "Tetka Vaska Ilieva" (Grupa Kafe Klub Mortdale Sydney) Васка Илиева.

Песната е снимана на 4ти Мај 2025 Идеата да снимиме специјална песна за Македонската популарна и автентична пеачка, Васка Илиева, се роди измеѓу група пензионери во тек на кафе-муабет во Кафе Клуб, Мортдајл (Сиднеј), во 2025 година. Одпрво групата се состоеше од 4 лица, вклучувајќи тројца музичари и Драги Јовановски - интузијаист за животот и делата на Васка Илиева. На Драги Јовановски огромна желба му беше да направи песна за нејзината биографија за да ја истакни нејзината придонес за Македонската народна музика. Правејќи муабет измеѓу нас, се прашувавме како е можно да дозволиме за ваква почестена личност и легенда, да не постои никаква почит или потсетник? Каква пропаст. После овај муабет, Злате Кyлевски доброволно прифати да напише текст и музика за новата песна за Васка, но со подразбирање дека песната ќе биде снимена заеднички со друштвото. Во согласност со овај план беа Драги Вангеловски и Бале Стојчевски- Гаште. Бидејќи Злате Кулевски долго време не свирел, предложи искусниот и добро познат музичар Гоце Петрески- Бананата да го подготви аранжманот. Гоце го прифати овај предизвик без никаков проблем. Следно, се приклучи и Тони Илиoски со труба со што успеавме да ја усовршиме мелодијата на песната. Посебна почит изразуваме и до Мајкл Кулевски (син на Борис и Марика Кулевски) кој придонесе во снимањето на песната која е одпеана од песнопојците Злате и Марика Кулевски ........................................................................... Sponsor: SMS FILMS Gjorgji & Mirjana (Sydney Aust.) Mob: +61 422841174 Link: https://smsfilms.com.au/
........................................................................... Предговор за Васка Илиева Иако изминаа речиси две и пол децении, духот на едно од најпрепознатливите имиња во историјата на македонската народна музика и натаму живее, преку богатството што го остави во музичката ризница. Васка Илиева е длабоко вкоренета во македонската колективна меморија, не само како пеачка со уникатен вокален стил, но и како симбол на македонската традиција и идентитет. Нејзиниот моќен глас, емоционалните интерпретации и огромниот репертоар со непроценлива вредност, ја направија Васка Илиева една од највлијателните личности во популаризацијата на македонското фолклорно творештво. Бројни поклоници на нејзиното дело има и ден-денес, не само во Македонија туку и ширум светот каде што живеат Македонци, каде што таа им ги топлеше сцрцата со своите настапи. И натаму се пеат нејзините безвременски хитови “Земјо македонска”, “На 4-ти мај Гоце загина”,“Сестра кани брата на вечера”, “Далеку од тебе Македонијо”, “Судбо моја судбино”, “Кој што ме чуе да пеам”….. Еве неколку куси биографски податоци: Васка Илиева е родена на 21 декември 1923 во Скопје во музичко семејство. Нејзиниот татко, Тодор Бошков Велков, бил познат гајдаџија кој несомнено имал влијание, љубовта на неговата ќерка кон музиката, да се развие од најрана возраст. Својата уметничка кариера Васка ја започнува во раните 1950-ти години во Државниот ансамбл “Танец” каде настапувала како пеачка и играорка, а потоа станува солист на Радио Скопје.Тоа искуство било основа за нејзината доживотна посветеност на македонската народна музика. Нејзиниот богат репертоар опфаќа над 800-тини песни од кои нејзино авторско дело се околку 70 мелодии и текстови. Од 1980-тите години фокусот на Васка Илиева се патриотски песни кои ги одразуваа стремежите на македонскиот народ во борбата за независност, а нејзините настапи станаа мост меѓу генерациите и одек на националниот идентититет. Во текот на нејзината блескава кариера, Васка Илиева беше топло и со воодушевување пречекувана во македонските заедници, секаде каде што настапуваше – 11 пати во Австралија, 4 пати во Русија, во Германија, Англија, Швајцарија, Холандија, САД, Канада... Васка почина на 4 мај 2001 година во Скопје, на 77-годишна возраст, оставајќи зад себе богато културно наследство и бесмртен глас што што беше амбасадор на македонската музика во светот и кој што не се заборава. ________________________________________ ________________________________________

Смотрите также