Како помина изборната ноќ во трката за Град Скопје – 360° во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
Владејачката партија, која освои најмногу градоначалници и советници, славеше. Но, се чини, не според очекувањата. На плоштадот пред партиското седиште беше поставена бина која никој не ја искористи Во СДСМ беше мирно и релативно празно, а партијата забележа лош резултат во трката за главниот град. За советници, завршија на петтото место, а нивната кандидатка за градоначалничка Каја Шукова не влезе во вториот круг. Затоа, пак, во Левица славеа – Амар Мециновиќ оди во вториот круг за градоначалник на Скопје, а успеаја да ги претркаат социјалдемократите и во градскиот совет